Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната од 21 до 33 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умрена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
Во следните два дена ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Во попладневните часови во планинските предели не е исклучена можноста за краткотраен дожд.
Во сабота кон крајот на денот и во недела ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд и грмежи.