Педесет и седумгодишен кумановец денеска е приведен заради поттикнување убиство. Според информациите тој поттикнувал лица за парична награда да извршат убиство над неколку лица.
Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ф.(57) од Куманово.
Како што наведуваат од МВР, во периодот од април до август 2021 година, Д.Ф., во врска со сообраќајна незгода која се случила во 2020 година, поттикнувал лица за парична награда да извршат убиство над неколку лица. Исто така, во наведениот период пријавениот во повеќе наврати на лицата кои ги поттикнувал да го извршат кривичното дело „убиство“ им се заканувал со огнено оружје со цел да го извршат кривичното дело.
Д.Ф. во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка.