Џејми Спирс се согласи да се повлече од неговата 13-годишна улога како старател-конзерватор на имотот на неговата ќерка Бритни, во она што адвокатот на поп-свездата го нарече голема победа.
– Задоволни сме што г-дин Спирс и неговиот адвокат денес се согласија тој да биде отстранет од надзорот врз неговата ќерка – изјави Метју Розенгарт, адвокатот на пејачката.
Спирс, кој контролира голем дел од приватниот живот и финансиите на неговата ќерка откако таа доживеа нервен слом во 2008 година, се согласи да се повлече и ваквата одлука ја наведе во судски документи поднесени во четвртокот.
Поп свездата со месеци се обидува да издејствува правна и финансиска слобода, и инсистира нејзиниот татко повќе да нема целосна контрола врз нејзиниот живот. Судското рочиште за расправа по ова прашање е акажано за крајот на септември во Лос Анџелес.
Розенгарт одлуката на Џејми Спирс ја нарече „голема победа на Бритни Спирс и уште еден чекор кон правдата“.