Неопходно е да се менуваат и правилата и казните во случај да не се почитуваат правилата. Надлежните мора да најдат начин како да го издигнат на повисоко ниво самото полагање на овој испит, кој е услов за упис на факултет. Kaj нас казните се благи за најтешките облици на недозволено однесување на деновите на полагање испити што се дел од државната матура, како што се преписите и користењето телефони и други уреди
Првпат оваа година се случи прв човек на институцијата што го организира полагањето државна матура (Државен испитен центар) јавно да каже дека ученици препишувале додека траеле испитите. Претходните години надлежните секогаш се фокусирале на резултатот, односно на тоа колку е солиден средниот успех на ниво на држава и се фалеле дека е тој „подобар од лани“ и колку тоа покажува дека образованието ни е добро и колку учениците се вредни и учат за испитот на зрелоста. И годинава средниот успех е подобар од лани, ама барем директорката Елизабета Наумовска призна дека потфрлиле во организацијата и дека системот има аномалии, затоа што беа евидентирани преписи на цели делови од текстови или на цели текстови. Официјално никој не пријавил нерегуларности, а неофицијално, на денот на испитите, биле фатени ученици со телефони од кои препишувале. Некои тестатори можеби и замижувале на тоа, но оценувачите не им простиле, бидејќи не им признале бодови откако утврдиле дека се работи за препис. Сето ова значи само едно – организацијата не чини и мора многу построго да се контролира целиот процес, особено на денот на испитот.
Неопходно е да се менуваат и правилата и казните во случај да не се почитуваат правилата. Надлежните мора да најдат начин како да го издигнат на повисоко ниво самото полагање на овој испит, кој е услов за упис на факултет. Kaj нас казните се благи за најтешките облици на недозволено однесување на деновите на полагање испити што се дел од државната матура, како што се преписите и користењето телефони и други уреди. Во развиените земји овие појави се казнуваат со забрана за повторно полагање, односно учениците може да полагаат дури идната година (Кипар, Естонија, Словачка). Оваа забрана може да трае и до пет години, така е во Франција. Сепак, во земјите во регионот, вклучувајќи ја и нашата, казните се релативно мали.
Во Македонија, според Правилникот за полагање државна матура, предвидена е опомена, па отстранување од испитот, односно поништување на сите испити од државната матура, како и забрана за полагање во следниот испитен рок. Ако се разгледа како функционира полагањето матура во земјите во Европа, заедничко за сите земји е што ниедна не толерира шепотење, користење уреди како паметни телефони, „бубици“, часовници.
Во повеќе сфери во образованието постојат реални проблеми што мора да се решаваат. Големата проодност и високиот среден успех, а за сметка на тоа, ниското ниво на постигнати знаења, се појава низ сите образовни циклуси во системот. Да обезбедат објективност во процесот на учење и постигање и оценување е проблем за сите досегашни образовни власти. Минатата година Бирото за развој на образованието подготви упатство за оценување што содржеше правила што оценувачите требаше да ги почитуваат при оценувањето на своите ученици. Напредокот на секој ученик требаше да се следи и на далечина, но и со физичко присуство во училница, на посебни средби, но, реално, ретко кое училиште го практикуваше тоа. Оцени се пишуваа од далеку, без притоа да се има директен увид во објективните знаења на ученикот, иако имаше мамење, препишување, поткажување, читање од учебник…
Промени треба да има и во уписната политика. Недозволиво е некој ученик да се запише во одредено училиште за средно образование, без притоа да се знае какви афинитети и вештини има. Во деновите на уписите, и годинава сѐ беше по старо, односно се почитуваа старите правила според кои она што е важно се само добрите оценки за да може да се запише, но никој не прашува и не согледува за што е способен ученикот, што го интересира, какви афинитети има и за што го бива. Ова е резултат на немањето професионална ориентација во основното образование, иако на хартија некаде стои дека треба да има.
Официјално никој не пријавил нерегуларности, а неофицијално, на денот на испитите што беа дел од државната матура, биле фатени ученици со телефони од кои препишувале. Некои тестатори можеби и замижувале на тоа, но оценувачите не им простиле, бидејќи не им признале бодови откако утврдиле дека се работи за препис. Сето ова значи само едно – организацијата не чини и мора многу построго да се контролира целиот процес, особено на денот на испитот
Овој начин на упис е неопходно да се менува, бидејќи исклучиво оценките не може да дадат јасна слика за ученикот. Тие не кажуваат многу за ученикот.
Вака како што е поставен системот, дозволува прекршоци и нерегуларности, а тоа, се разбира, не треба да продолжи така. Во време кога блокатори се „скапа играчка“, со оглед на тоа дека ќе треба да се набават за сите училишта во Македонија, можеби надлежните треба да размислат државната матура но и другите испити да ги одржуваат во големи спортски сали или во амфитеатри, како и да има повеќе чувари внатре. Во исто време, освен системот на организација, да се заострат и казните за оние што ќе дозволат мамење, како и за оние што мамат. Иако тоа се случувало во практика, досега никој не презел одговорност, па крајно време е да се преземе нешто околу тоа. Треба да има дисциплински мерки ако тестатор дозволи нерегуларности во училницата. Ова е вистинскиот начин што ќе овозможи да се обезбедуваат квалитет и објективност на долг рок.