Бизнисменот Орце Камчев е однесен со Брза помош на Клиниката за кардиологија во Скопје, откако тоа го побарале неговите адвокати. Информацијата ја потврди директорот на затворот во Шуто Оризари, Филип Андов.
Камчев се пожалил на болки во градите, поради што му се прават прегледи.
– Спреведен е со дозвола од Кривичен суд по барање на одбраната – рече Андов.