Концертите „Музика вива на отворено“ во организација на Факултетот за музичка уметност во Скопје ќе се одржат на 26, 27 и 28 јуни. Концертната серија е дел од научноистражувачкиот проект на ФМУ, поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На програмата се дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на Марија Муратовска
Наумовска, Михаило Куфојанакис, Марија Ѓошевска, Нина Костова Јаневска, Горан Начевски, Зорица Каракутовска, Весна Ѓиновска Илкова, Елена
Атанасовска Ивановска, Бисера Чадловска, Александар Поп Христов и Димче Белчовски. Првиот концерт е вечерва од 19 часот. Насловен е „Вокален мозаик“, а ќе се одржи на тераса на Музејот на македонската борба, утре е концертот „Камерно-солистички мозаик“ на истата локација, а в понеделник е концертот насловен „Сонатен мозаик“, кој ќе се одржи во фоајето на Националната опера и балет.