Дизајнерите на ентериер велат дека кога ќе дојде време да го реновираме просторот во кој живееме, најдобро е да му пристапиме како да составуваме сложувалка. Присуството и отсуството на светлина е многу важно во еден дом, па тие имаат неколку совети за подобро осветлување во домот.
1. Сами поставете го „расположението“ во собата
Осветлувањето во голема мера влијае на тоа како ќе се чувствувате во просторијата. Она што дизајнерите сакаат да го нагласуваат е дека најдобро е да имате минимум три нивоа на интензитет на светлината, кои ќе можете да ги приспособите според времето, денот, расположението, пригодата…
2. Осветлувањето мора да нагласи одредени елементи на просторот
Потенцирајте одредени парчиња мебел, како што се кујна или елементи што висат, скали или ходници. По совет на дизајнерите на ентериер, најдобро и најмодерно решение за ставање акцент на некои делови од домот се лед-лентите.