Во спортски дух, подготвени за нов предизвик, исполнување на уште една цел и примена на позитивни практики за позитивни општествени промени, јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје со свој тим беше дел од „Халк еко Скопје трча десет километри“.
– Го прифаќаме секој нов предизвик што значи ширење позитивна енергија. Тимот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје со голема желба и мотивација беше дел од оваа трка. Во спортски дух, со здружени сили и меѓусебна поддршка се истрча трката до самата цел. Насмевките на лицата на нашите претставници беа доказ за ова позитивно искуство. Честитки до нив и до сите учесници во оваа трка. До следниот предизвик, спортски поздрав – истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.