Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека пазарите ќе доживеат крах ако тој биде отстранет од функцијата.
– Ако некогаш ме отповикаат од функцијата, мислам дека пазарите ќе се урнат. Сметам дека потоа сите ќе бидат многу сиромашни. Се ослободив од прописите. Намалувањето на даноците беше огромна работа – изјави претседателот во интервју за Фокс њуз.