Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека новите американски санкции против Русија се неосновани и дека Москва соодветно ќе одговори.
САД воведоа санкции за наводите за хакирање и поради незаконско испорака на нафтени продукти во Северна Кореја.
Американскиот Секретаријат за финансии денеска најави санкции против две руски компании кои тргувале со Северна Кореја и и доставувале нафта на комунистичката држава која е под американски санкции.
Двете компании, Приморје Меритајм Логистикс и Гудзон Шипинг, се регистрирани во руското далекуисточно пристаниште Владивосток. Според Вашингтон, тие им помагале на Севернокорејците да набават нафта и покрај американските санкции кои се воведени поради развојот на нуклеарно оружје од страна на Северна Кореја. Американските санкции значат дека двете руски компании нема да имаат пристап до американскиот пазар и ќе имаат потешкотии во пристапот до финансиските пазари, па дури и во патувањата на нивните директори.
САД најавија санкции и против двајца руски поединци, кои доставувале производи и услуги за компанијата Диветечносервис, која пак е на списокот на санкционирани руски компании затоа што е подизведувач за руската безбедносна служба ФСБ.