Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците.
Инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната и канализационата мрежа продолжува со изведба на нова водоводна линија на улица Белградска, во должина од илјада метри.
– ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје пристапи кон изработка на проектно техничка документација за изведба на оваа водоводна линија во согласност со Деталниот урбанистички план за овој дел од градот со што се создавааат услови за оформување на циркуларен прстен, односно поврзување на два големи цевковода. Предвидената водоводна мрежа со дијаметар на цевка од 200мм ќе се протега по улица Белградска од крстосницата со булеварот Мајка Тереза до крстосницата со улицата Димче Мирчев, а со нејзината изградба и ставање во функција ќе се обезбеди подобрување на притисокот во мрежата што е неопходно за сегашните и идни корисници на вода – истакна Душко Весковски, генерален директор на „Водовод и канализација“.
Инвестицијата на водоводното претпријатие за изведба на овој проект е во вредност од околу 14.500.000,00 денари.