Во пандемијата против ковид-19, продолжува скандалозната нееднаквост во поделбата на вакцините, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејезус.
Обраќајќи се на годишното министерско собрание, тој ги повика земјите да донираат вакцини од механизмот „Ковакс“ со цел до септемрви да се имунизираат барем 10 проценти од населението од сите земји или 30 проценти до крајот на годината, објави Ројтерс.
Тој предупреди дека ниту една земја не треба да претпоставува дека е „надвор од шума“, без оглед на процентот на вакцинација, се додека вирусот САРС-КоВ-2 и неговите соеви се шират на друго место во светот.
Генералниот директор на СЗО посочи дека светот сè уште е во многу опасна ситуација.
– Според сегашните трендови, бројот на смртни случаи во последните три недели ќе го надмине вкупниот број на смртни случаи од минатата година. Ова е многу трагично.
Земјите кои произведуваат и купуваат најголем дел од вакцините во светот ја контролираат судбината на остатокот од светот – изјави директорот на СЗО.