Водечкиот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, денеска изјави дека најверојатно до крајот на оваа година ќе биде потребна уште една доза од вакцините против коронавирус за да се спречи ширењето на пандемијата.
Тој за Си-би-ес изјави дека научниците ќе ги следат податоците за вирусот и можните нови видови, пренесе агенцијата АП.
Фаучи исто така ги повика Американците да продолжат да ги следат упатствата издадени од Центарот за контрола и превенција на болести и додаде дека оние кои не се целосно вакцинирани, сепак мора да носат маски.