До прекин на огнот меѓу Израел и Палестинците може да дојде веќе во петок, пишува „Волт стрит журнал“.
Повикувајќи се на извори вклучени во преговорите, весникот наведува дека египетските власти постигнале напредок во преговорите со раководството на Хамас и дека израелската армија неофицијално признала oти е близу до остварување на своите воени цели.
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден предвидува дека примирјето може да стапи на сила оваа недела, се поставува само прашањето кога точно.
Весникот наведува дека неименуван американски официјален претставник изјавил дека постои загриженост оти припадници на друга милитантна група – Палестинскиот исламски џихад би можеле да продолжат да вршат напади дури и по постигнувањето на договор за прекин на огнот.
Белата куќа одби да ги коментира извештаите.