Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 701 и има околу 1.000 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок во главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.
Во болниците во Скопје тој број изнесува 289 пациенти, од кои 26 биле примени во последните 24 часа. Во изминатото деноноќие дома биле пуштени 63 оздравени пациенти.
– Во болницата во Битола се хоспитализирани 45 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 10 пациенти, во Велес се лекуваат 51 болен, а во Куманово 58 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 32, во ковид-центарот во Гостивар 14, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациент, во Кочани 14, во Кичево 8, Кавадарци 23, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на вирусот – се наведува во соопштението од ресорното министерство од каде додаваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во Скопје, бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 400 слободни места.