Спортскиот директор на Милан, Леонардо, ги отфрли гласините дека преговарале со Лацио за трансфер на српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
– Никогаш немаше преговори со Лацио, изјави Леонардо на денешната прес-конференција на која беа промовирани најновите засилувања Диего Лаксалт, Саму Кастилјехо и Тимуе Бакајоко.
Во изминатите денови се појавија гласини дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе пристигне во Милан за 40 милиони евра на позајмица, а следното лето клубот целосно ќе го откупи за 60 милиони.
Воедно Леонардо нагласи дека е задоволен од трансферите во Милан ова лето, бидејќи тимот се засили со Гонзало Игуаин, Матија Калдара, Пепе Реина, Иван Стриниќ, Ален Халиловиќ, Диего Лаксалт, Тимуе Бакајоко и Саму Кастилјехо.