Полицијата уапси 35-годишен маж кој се шетал со мачета на улица во Центар за време на полициски час.
Според информациите на МВР, синоќа во 23.15 часот, полициски службеници на подрачјето на Центар го привеле К.Т.(35) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена мачета, со што сторил прекршок од Законот за оружје.
Исто така, тој е уапсен и дека не го почитувал полицискиот час.
МВР најави дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.