Роамингот меѓу земјите од Западен Балкан ќе биде укинат од 1 јули, соопшти генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу.
Имплементацијата на договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година, помеѓу Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и БиХ, ќе почне од 1 јули, со што граѓаните ќе добијат поевтин роаминг за телефонски разговори, СМС пораки и користењето интернет.
Првата фаза од спроведувањето на договорот почна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти, откако Европската Унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан.