Скопјанецот Ш.Ш (73) вчера во 13.45 часот, физички бил нападнат од непознато машко лице.
Инцидентот се случил на улицата „Вељко Влаховиќ“, а според тврдењата на 73-годишниот маж, непознатото лице се обидело да му нанесе повреди со нож, но Ш.Ш. успеал да побегне и да побара помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен синоќа во 22.30 часот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.