Станува збор за лицата Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје, кои се гонат поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
При претрес кај еден од осомничените, полицијата пронајде документација за фабрики за производство на марихуана во медицински цели, лоцирани во Прилеп и Битола, по што МВР врши контрола во овие објекти.
Марихуаната која ја заплени македонската полиција требало да заврши во Грција.