Илон Маск сподели „оглас за вработување“ на својот профил на Твитер.
Сопственикот на „Тесла“ сподели твит од сметката „Tesla Owners Austin“ со образложение дека на гига фабрика во Тексас им требаат дури 10.000 работници, а тој ги наведе и посебните придобивки што ги очекуваат вработените.
– Пет минути до аеродромот, 15 минути до центарот на градот, токму на реката Колорадо – напиша Маск.
Оригиналниот твит на компанијата наведува дека универзитетската диплома не е услов за вработување, иако „Тесла“ има добра соработка со бројни универзитети, туку дека луѓето можат да дојдат директно од средно училиште.