Во Битола последните денови драматично порасна бројот на новозаболени од ковид-19 и бројот на починати.
Во Клиничкиот ковид центар, на Инфективното и Физикалното одделение, се хоспиталиирани 103 пацинети, а синоќа починаа 4 пациенти од кои двајца од Битола на 62 и 64 годишна возраст, еден од Ресен на 65 гоидни и од Демир Хисар на 80 годишна возраст.
Во болницата веќе нема места за згрижување поради што во подготовка е Модуларна болница. Сите хоспитализирани се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.
М.М.