Литературно катче / Пандемијата во очите на една гимназијалка
Какво време дојде…
секој дома да седи
и од една корона да се плаши.
Какво време дојде…
мир да се немало,
лек да не се нашло
за чумава што нѐ снајде.
Место во школо да одиме,
ние по дома седиме
пред компјутер настава следиме,
со тешки маки оценки редиме.
Какво чудно време дојде…
со маски нон стоп да одиме
другарство да заборавиме
ич да не се дружиме.
Какво чудно време дојде
нонстоп да се дезинфицираме
и пари за маски и средства да фрламе.
Какво чудно време дојде
време на корона,
кога сите за своето здравје се плашиме
и животот повеќе го цениме.
Време на корона,
време на пандемија,
кога ли ќе заврши
оваа епидемија.
Сакам во школо да идам,
сакам со другари да се видам
сакам да прошетам и да се дружам
на полето мирисот да му го осетам.
Сакам и на одмор да идам
и природен витамин Д да примам
и морски бран да ме плени…
едноставно, сакам ова да се смени!
Какво чудно време дојде….
иако сум млада, сакам сѐ да е по старо,
па макар и 2019-та, која и не беше нешто нај,
но во однос на денес, беше вистински рај.
Даниела Павловска – 2-1 во СУГС „Браќа Миладиновци“ во Скопје