Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека очекува Русија да постигне колективен имунитет на коронавирусот до крајот на летото.
Како што најави, земјата потоа ќе ги укине ограничувањата поврзани со пандемијата.
– Ако вакцинацијата се одвива со истото темпо како досега, мислам дека ова лето или до крајот на летото, ќе постигнеме, мора да постигнеме, таков индикатор – истакна Путин.
Рускиот претседател, кој беше вакциниран со вакцина од руско производство оваа недела, исто така, рече дека единствените несакани ефекти што ги доживеал биле лесна болка во мускулите следното утро и непријатно чувство на местото на инјектирање, објави „Ројтерс“.