Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“ истакна дека дала исказ за случајот со бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, соопштувајќи дека предметот за тоа дали постоело бегство го води Основното јавно обвинителство (ОЈО), а надлежна обвинителка е Ленче Ристоска.
Таа потврди дека завчера дала исказ, на прашањето дали има информации во врска со тоа што се случувало со Мијалков додека беше недостапен.
Мијалков на 26 февруари беше осуден на затворска казна од 12 гудини за случајот „Таргет-Тврдина“. Судот го прифати предлогот на обвинителката Ристоска која побара ефективен притвор за Мијалков до правосилноста на пресудата.