„Парагон рекорд лејбл“ ги претставува „Би-ди-ем“, нов звук на модерна македонска музика со нивниот прв видеозапис за песната „Lee“.
– Интерконтиненталниот продукт, работен во Скопје, Белград, Лондон и во Детроит е уште еден доказ дека денешниот музички свет не познава граници, туку вистински квалитетен звук инспириран од едноставна, емотивна приказна, што веројатно сите, сме ја доживеале – велат од „Парагон рекорд лејбл“.
„Lee“ e режисерско деби на Виктор Стоимиров, а е визуелно воден од блескавата Елена Гугоска. Стоимиров успева да ја пренесе едноставната порака – за кршливоста на љубовта и моќта во таква ситуација, да се издвојат убавите моменти што вредат да се запомнат.
Зад карактеристичниот вокал на „Lee“ стои Јова, a песната повеќе од еден месец одлично котира на светските стриминг-сервиси.