Умни стихови на писателот Стојан Тарапуза (17)
Драги деца, во „Колибри“ можете да ја читате рубриката „Јатки на мудроста“, умните мисли на познатиот македонски писател за деца Стојан Тарапуза. Овие стихови замислуваат, подучуваат, разбиструваат многу дилеми во вашите глави.
„Ова се јатки од зборови со куќи и со дворови. Преполни се со духовен барут, секогаш цветен – никогаш штетен. Во нив живее мудроста. Царува вистината.
Се раѓаа спонтано. Доаѓаа како поплава. Ме понесуваа. Темите се различни. Пораките слични, сите до една добронамерни и хумани. Изразно се скржави. Мисловно – богати. Некои се и малку рогати! Зошто се такви, животот знае. Времето во нив и преде и ткае!“, вели за нив авторот.
Читајте ги овие мудри мисли секој вторник внимателно, размислувајте за нив, обидете се и самите да напишете некое умно слово. Тоа ќе ви помогне побрзо и полесно да растете и да го разберете понекогаш чудниот свет на возрасните.
1.
Низ врата отворена
може секој да влезе
и на љубопитството
да му подигне резе.
2.
Не гази на гнило,
– ќе паднеш врз шило.
3.
Правено – направено,
– на место ставено.
4.
Му се насмеа среќата,
– си ја наполни вреќата.
5.
Не постои брава
во која клуч
не се става.
Стојан Тарапуза