На празник
ќе се растрчам низ полјаните,
ќе соберам цвеќе убаво
и плодови од гранките.

На празник
ќе појдам кај соседите
и ќе разгласам
празнични вести.

На празник
ќе принесам погача,
тазе испечена
од нежни мајчини раце создадена.

На празник
родината ќе ја поздравам
и среќна ќе се насмевнам
зашто во неа живеам.

На празник подароци
ќе давам
за духот празничен
во секого да го овенчам.

Амелија Ончева 7-а одделение,
ООУ „Гоце Делчев“ – Центар, Скопје
Ментор: Маја Ѓорѓиевска

(Од алманахот „Детски литературен фестивал Ракатки 2021“)