Руската вакцина „спутник В“ покажува добри резултати против новите мутации на коронавирусот, изјави за „Ројтерс“, Денис Логунов, заменик-директор на рускиот национален истражувачки центар „Гамалеја“ за епидемиологија и микробиологија, кој ја разви вакцината „спутник В“.
– Неодамнешното истражување спроведено од Центарот „Гамалеја“ во Русија покажа дека ревакцинацијата со вакцината „спутник В“ работи многу добро против новите мутации на коронавирусот, вклучително и соевите на коронавирус од Велика Британија и Јужна Африка – рече Логунов.
Тој додаде дека, според руските истражувачи, се верува дека вакцините базирани на вектор се всушност подобри за идните ревакцинации отколку вакцините засновани на други платформи“.