Европската Унија ќе воведе дигитални сертификати за вакцинација. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен, истакна дека на земјите-членки е да одлучат што ќе може да се прави со сертификатите и дека тие ќе се користат на ниво на ЕУ за функционирање на единствениот пазар.

Фон дер Лeјен изјави дека ќе бидат потребни најмалку три месеци да се воспостави системот на сертификати за вакцинација во ЕУ.

– Системот ќе поддржува информации за вакцинацијата на една личност, негативен ПЦР-тест или имунитет. Потребна ни е брза имплементација доколку сакаме овие сертификати да бидат функционални пред летото – заклучи фон дер Лeјен.

ЕУ потенцира дека сè уште има многу отворени политички и научни прашања кога станува збор за сертификатите за вакцинација, односно за што ќе се користат или дали вакцинацијата значи прекин на пренесувањето на инфекцијата.

– Имаме охрабрувачки податоци од Израел, каде вакцините „Фајзер“ покажаа дека го запираат пренесувањето на заразата по давање на втората доза – рече фон дер Лeјен.