Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општина Илинден и Сарај.
Од 10:00 до 11:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Кадино, Марино и месноста – Бела Земја во Општина Илинден, од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 12 во село Горно Соње во Општина Сопиште, од 08:30 до 15:00 часот корисниците од дел од село Рашче и од 09:00 до 13:00 часот корисниците од дел од село Бојане во Општина Сарај.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф 125мм, на ул. Пушкинова бб, без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, ќе останат корисниците од истата улица во населба Кисела Вода.