Сајбер-група ја хакирала биолошката лабораторија на Универзитетот во Оксфорд, која го истражува ковид-19, објави британски „Телеграф“.
Според лондонскиот весник, хакирањето се случило во Одделот за структурна биологија, познат како „Струби“, кој врши истражувања за ковид-19, пренесува „Ројтерс“.
Универзитетот во Оксфорд не одговори веднаш на барањето за коментар, но за „Телеграф“ потврди дека „Струби“ бил цел на хакери.
„Го идентификувавме и ограничивме проблемот и сега истражуваме понатаму“, вели портпаролот на Оксфорд.