Нигеријците ги краси победнички менталитет, а нивната земја е најнаселена во Африка. Во моментов имаат најсилна економија на целиот континент
Во најнаселената земја на тлото на африканскиот континент, децата од рана возраст се учат не само да ги почитуваат старите лица туку и на работа и на дисциплина, па затоа не е изненадувачки фактот што Нигеријците се познати по нивниот менталитет на победа.
Колоквијалното мото „никогаш не пристигнувај последен“ на жителите на најнаселената земја во Африка, во голема мера го одразува духот на нацијата во земјата, која, и покрај големиот број глобални тешкотии, во 2011 година беше обележана како најоптимистичка нација во светот. Многу Нигеријци веруваат дека ниту една држава или ситуација во која се наоѓаат не е вечна.
– Кога вашата култура е натприродно позитивна, и покрај честите брутални политички, здравствени и социјални услови, оптимизмот е тој што ве поттикнува и инспирира да очекувате успех речиси во сите околности – објаснува Американецот Афам Ониема за „Би-би-си травел“, кој беше прогласен за еден од десетте највлијателните африкански мигранти во Америка.
Нигеријците ги краси победнички менталитет, а нивната земја е најнаселена во Африка. Во моментов имаат најсилна економија на целиот континент, а тоа го покажуваат податоците дадени од Блумберг. Затоа ја нарекуваат гигант на Африка.
Брилијантни примери за нигерискиот успех може да се видат во литературниот и музичкиот свет, како и меѓу многу Нигеријци надвор од татковината. Првиот африкански црн драмски писател што ја доби Нобеловата награда, Воле Шојинка е од Нигерија.
Децата треба да бидат подобри од нивните родители
Според истражувањето на Институтот за миграциска политика, 61 отсто од Американците со нигериско потекло постари од 25 години имаат завршено постдипломски студии, што ги прави една од најуспешните етнички групи во Соединетите Американски Држави.
На секој чекор во оваа земја се гледаат настојувањата на нацијата да биде успешна. Многу Нигеријци зборуваат со туристите на нивниот јазик. И, ако знаете дека во земјата има 370 различни племиња и 500 јазични варијанти, јасно е дека тоа воопшто не е лесно.
Можеби сето тоа е затоа што децата од Нигерија се воспитуваат на тој начин уште од рана возраст. Сите погледи се свртени кон нив и се охрабруваат уште од рана возраст да добијат што е можно повеќе дипломи и да заработат доволно за да можат без пречки да се грижат за своите постари родители. Првороденото дете сигурно го носи најголемиот товар на родителските очекувања и за него би било идеално да стане поддршка за помладите. Честопати децата во Нигерија се упатуваат на некои пореномирани занимања, како што се адвокати, инженери или доктори, додека уметничките занимања се маргинализирани.
Заедно со приспивните песни, децата ја запознаваат историјата на нивната земја.
Тоа се обично приказни од граѓанската војна, периодот на воената диктатура или такви што се однесуваат на времето на британското владеење, до независноста во 1960 година.
– Во нигериската култура, карактеристичен елемент е тоа што децата треба да бидат подобри од нивните родители во секој поглед. Затоа родителите ги мотивираат своите деца, охрабрувајќи ги да постигнат нешто во животот, а децата се индоктринирани од ова верување – објаснува Виктор Боди-Ласон, архитект, уметник, програмер и предавач на универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, роден во Лагос.
Во Нигерија се произведуваат 50 филма неделно
Втората по големина филмска индустрија во светот е Нигерија. Славниот Ноливуд се најде над Боливуд. Според податоците, тука се произведуваат околу 50 филма неделно.
Нигеријците се вредни, управувани од статус, упорни и конкурентни.
Тие често прават повеќе работи истовремено. Тие се грижат и за тоа како им се обраќаат на старите лица, на познатите или на непознатите.
Не само што е убаво да се биде успешен, да се има моќ и врски, туку е неопходно и за секојдневниот живот во Нигерија.
Доцентот по африкански дигитални хуманистички науки на Универзитетот во Канзас, доктор Џејмс Џеку, верува дека тие се највредните луѓе во светот, но дека Нигеријците ја истакнуваат нивната важност истакнувајќи го нивниот професионален успех.
– Просечниот Нигериец е вреден. Сепак, лошата страна на сето ова е постојаната споредба помеѓу луѓето – смета Кимберли Ихкевоаба, текстописец од Нигерија.