Американската актерка Ешли Џад за малку ќе ја изгубела ногата при пад во дождовна шума во Демократска Република Конго. Пеесет и двегодишната Џад подлежела на 55-часовна операција, но сега е добро и успешно заздравува, пренесуваат медиумите. – Почувствував и знаев дека се крши. Она што следуваше беа долги и неизвесни 55 часа – изјавила Џуд за „Њујорк тајмс“.
Џад паднала од дрво и лежела во дождовната шума во Афика „со катастрофално повредена нога“ пет часа со многу силна болка.
– Првин една колешка од кампот пристигна да ги намести коските, моите „браќа од Конго“ ме носеа од дождовната шума на импровизирана лежалка и тоа траеше час и половина – додала таа.
Ноќта Џуд ја минала во колиба пред да замине со мал авион во Киншаса, главниот град на Демократска Република Конго. Во Киншаса останала 24 часа и на крајот ја префрлиле во Јужноафричката Република поради неопходната лекарска помош.
– Јас сум жена на дивината, како што знаете. Вакви несреќи се очекуваат – напишала таа насвојот профил на Инстаграм, соопштувајќи им на своте следбеници дека „за малку ќе ја загубела ногата“.
Џад е амбасадор на добрата волја на Обединетите нации.Таа обично има по два месеца долги патувања, во оддалечени места, каде што нејзиниот „животен партнер“ води истражувачки камп за проучување на загрозени видови мајмуни.