За време на денешните протести во Москва е приведена Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални. Веста ја потврдија соработниците на Навални.
– Јулија Навални беше приведена од полицијата за време на мирна прошетка во Москва. Адвокатот не смееше да ја види, а полицијата дури не се претстави, не ги покажа документите, ниту ја наведе причината за апсењето – напиша шефот на правниот оддел на фондацијата Навални, Вјачеслав Гимади.