Рускиот дисидент Алексеј Навални, Светската здравствена организација (СЗО) и младата активистка против климатските промени Грета Тунберг се дел од кандидатите номинирани од норвешките пратеници за овогодинешната Нобелова награда за мир.
Според сознанијата на агенцијата „Ројтерс“, норвешките законодавци ги предложиле Грета Тунберг, Навални и СЗО, како и својата нејзината програма „Ковакс“, која беше формирана за да се овозможи пристап до вакцините против ковид-19 и на сиромашните земји каде што има ниски примања.
– Меѓу другите кандидати се Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова и Вероника Цепкало, три Белорусинки истакнати во борбата за слободни избори преку мирен отпор – рече норвешкиот предлагач Гејир Сигбјерн Тоскедал.
Меѓу другите номинирани се и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, Северноатлантската алијанса (НАТО) и Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).
Предлозите за номинација на истакнати поединци и организации можат да ги достават илјадници луѓе ширум светот, од патламентарни претставници до поранешни добитници, а овие номинации, кои завршуваат денеска (31 јануари), не значат дека ќе бидат поддржани од Нобеловиот комитет.
Норвешките застапници прогласуваат конечен победник секоја година од 2014, освен 2019, посочува Хенрик Урдал, директор на Институтот за мировни студии во Осло, и оценува дека тоа е навистина одлично.
Норвешкиот комитет за доделување на Нобелова награда, кој одлучува за добитникот, не ги коментира номинациите, чувајќи ги 50 години во тајност имињата на предлагачите и имињата на неуспешните кандидати.
Сепак, предлагачите имаат право да ги соопштат своите номинации пред јавноста. Добитниците на Нобеловата награда за 2021 година ќе бидат објавени во октомври.