Општина Карпош започнува со субвенционирање на ужинките за сите ученици кои посетуваат настава со физичко присуство. Имено, ужинката ќе се субвенционира во висина од 50 отсто од износот на месечниот надоместок, за учениците од прво до деветто одделение.
На овој начин, Општината ќе покрива 250 денари од трошокот, а останатите 250 денари ќе бидат обврска за родителот/старателот. Субвенцијата се однесува на второто полугодие од оваа учебна година, како и за учебната 2021/2022.
Оваа одлука се донесе на вчерашната седница на Советот на Општина Карпош. Вкупната вредност на мерката за субвенционирање на ужинките е 3.600.000 денари.И во услови на пандемија, кога наставата се одвива под посебни протоколи, основната цел на локалната самоуправа е да биде поддршка на учениците, родителите, наставниот и административно – техничкиот кадар во училиштата, се вели во соопштението.