Кина ја заостри реториката кон Тајван по неодамнешните засилени воени активности во близина на островот. Таа предупреди дека независноста на Тајван би значела војна.
Тајван објави дека неколку кинески борбени авиони и бомбардери влегле во нејзината зона минатиот викенд, што го натера Вашингтон да го повика Пекинг да престане со активностите. Кина верува дека демократски избраната влада на Тајван се движи кон прогласување на формална независност, иако тајванскиот претседател Цаи Инг-Вен во неколку наврати изјавил дека тоа е веќе независна држава наречена Република Кина, што е нејзиното официјално име.
Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана Ву Кијан изјавил дека Тајван е неразделен дел од Кина.
– Воените активности на Кинеската народноослободителна армија во Тајванскиот теснец се неопходни активности за справување со моменталната безбедносна состојба во Тајванскиот теснец и за заштита на националниот суверенитет и безбедност – рече тој.
Ву смета дека мал број луѓе во Тајван бараат независност на островот.
– Ги предупредуваме тие елементи на независност на Тајван дека оние што си играат со оган ќе се изгорат – независност на Тајван значи војна – рече тој.