Земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Хрватска синоќа во 00.28 часот во областа Петриња. Хрватската сеизмолошка служба објави дека интензитетот во епицентарот бил помеѓу три и четири степени од скалата ЕМС.
Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил помеѓу Петриња и Сисак. Посетителите на веб-страницата на ЕМСЦ наведуваат дека земјотресот бил силно почувствуван во Мошченица, пренесува порталот „Индекс“.