Порача Османи во интервју за грчкиот весник „То Вима“
Пристапните разговори со ЕУ не би требало да се претворат во преговори со Бугарија, кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за грчкиот весник „То Вима“, додавајќи дека разговорите со Софија продолжуваат за надминување на разликите.
– Разговорите со Бугарија се континуирани и ќе продолжиме за да најдеме начин за надминување на разликите, но пристапните разговори не би требало да се претворат во преговори со Бугарија – смета Османи.
Тој истакна и дека европската идеја е инспирација за решавање на отворените горливи прашања во регионот, а Македонија претставува светол пример.
– Не постои силна Европа без силен Балкан. Стабилизацијата на ЕУ може и мора да се направи заедно со европската стабилизација на Балканот – порача министерот.