Чаламот на социјалната мрежа Тикток не престанува, каде постојано се шират скандалозни видеа што ја изненадуваат јавноста во Македонија.

Две нови видеа покажуваат како припадници на некоја полициска или безбедносна институција поминуваат на патарина покажувајќи службена легитимација и знак за стопирање возила.


Возачот ја покажува својата легитимацијата и минува бесплатно на наплатната рампа на автопатот Скопје – Гостивар. Според законот на РМ, освен оние службени лица кои  во моментот вршат оперативни дејствија, сите останати кои минуваат на мора да платат на наплатните рампи.