Израел е лидер по бројот на вакцинирани против коронавирус, според податоците на организацијата „Our World in Data“ која објавува информации за вакцинација против коронавирус на дневна основа.
Според податоците на организацијата со седиште во Универзитетот во Оксфорд објавени на 1 јануари, вкупниот број на дози на 100 луѓе за Канада изнесувал 0,26, за САД 0,84, за Велика Британија 1,47, а за Израел дури 11,55, пренесува „Њујорк Тајмс“.
Од почетокот на кампањата за вакцинација на 20 декември, нешто повеќе од 11 проценти од израелското население ја примило првата доза на вакцината.