78-годишна старица В.Т. од Скопје вчера во 13.00 часот во близина на нејзината зграда во населбата „Јане Сандански“ на пешачката патека, од страна на непознат сторител на дрзок начин била ограбена.
Имено, според пријавата сторителот и пришол од позади на оштетената и со сила од вратот и го отргнал златниот ланец по што таа паднала на земја и од падот се здобила со повреди на нозете и вратот, а сторителот веднаш избегал стекнувајќи се со противправна имотна корист во вредност од 18.000 денари.