Европскиот парламент го одобри буџетот на Европската Унија за в година.
Приходниот дел од него изнесува 164,3 милијарди евра, а расходниот дел 166,1 милијарди евра.
Откако Советот официјално го одобри договорот со ЕП во понеделникот, европратениците денеска го одобрија буџетот со 540 гласа „за“, 77 „против“ и 70 воздржани по што законот го потпиша претседателот на ЕП, Дејвид Сасоли.
Европратениците дополнително ги поддржаа програмите што се сметаат за клучни за зајакнување на растот и вработеноста и ги рефлектираат широкодоговорените приоритети на Европската Унија: дигитална Европа и механизмот за поврзување на Европа (ЦЕФ), зајакнување на почитувањето на европските вредности и стимулирање на дејствата од областа на климата.