Над 400 лица беа евакуирани попладнево од Меѓународниот аеродром во романскиот град Сибиу, откако била пронајдена непозната супстанца што испуштала остар мирис, соопшти портпаролката на Инспекторатот за вонредни состојби на Романија, Рамона Нистор.
Таа нагласи дека засега не познато за каква супстанца станува збор, но додаде дека ниту едно лице присутно на аеродромот не се пожалило на здравствени проблеми.
Во тек е операција за утврдување и идентификација на супстанцата.