Францускиот претседател, Емануел Макрон, е позитивен на присуството на коронавирус. Елисејската палата објави дека Макрон бил тестиран веднаш штом му се појавиле првите симптоми.
Францускиот претседател сега е во самоизолација од каде што ќе продолжи да ги извршува своите должности, објавија од неговиот кабинет.
Макрон е последниот во низата светски лидери кои имале ковид-19. Пред него коронавирус имаа британскиот премиер Борис Џонсон и претседателот на САД, Доналд Трамп.