Французинот Беноа Бруел од Лион го собори Гинисовиот рекорд кога направи пица со дури 254 вида сирење. Бруел се занимавал со повеќемесечна административна работа за да собере докази дека навистина ги користел сите состојки што ги навел. Затоа Гинисовата книга на рекорди дури сега му го призна рекордот, што тој всушност го сруши во февруари, пишува „Д Тејкаут“.
Со својата пица тој го сруши рекордот на Австралиецот Џони ди Франческо од Мелбурн, кој испече пица за која користеше 154 вида сирење. Својот успех Бруел го сподели на инстаграм-профилот на ресторанот.
– Требаше некое време, но Гинис го призна мојот рекорд и сега е официјален. Добивам сертификат, како и список со сите сирења – напиша Бруел во објавата.
На крајот додал уште три вида сирење, но од непозната причина не ги наброил така што официјалниот број на употребени сирења е 254.