Менталитет – ментална слика (5)

(Скица за ментален портрет на Македонецот)

Така. Понизноста што се вглобува во општото начело на агапе, божествената љубов, за разлика од Ахајците (Грците) со кои толку многу се намачи, изгледа и залудно Павле, богољубивите Македонци „светила во расипан род“ и народ „од почетокот на светот избран за спасение“, како што вели апостолот“ легна како кристално чиста есенција во нивната колективна душа врзана за атомите на сеопштата универзална љубов. А во таа смисла, драг читателу, врзана со атомите и електроните полни со божествена светлина и на институцијата проштевање, вглобена цврсто во тријадата: љубов кон ближниот, понизност, проштевање. Оти проштевањето, бидејќи ни еден елемент од оваа света Христова тријада не стои сам за себе, е истовремено и љубов кон ближниот и понизност во смисла на негорделивост, несуета и богољубие, Достоевски несомнено би се согласил со мене бидејќи тие божествени христолики супстанции, како јас во македонското, тој ги препозна во руското колективно битие, кое сепак има македонска генеза, иако тој не беше свесен за тоа. Но на таа тема, како што знаеш драг читателу, веќе имам повеќепати пишувано. Па и Путин кога му рече на нашиот дволичен Иванов што го изигра дека писменоста на Русите им доаѓа од Македонија, со што побесне бугарската хистерична анима Захариева, целосно во шизофрен транс, е потврда за тоа, за што јас и ти, драг читателу, надвор од македонските изроди, европоиди и американоиди, од дното на душата му се извинуваме и го молиме да не се откажува од братскиот македонски народ, кој според сè што му се случи и со идентитетската ликвидација е и антиевропски и антиамерикански настроен. Зборувам за здравото неразболено ткиво на Македонците, драг читателу, во чии атоми и огнени електрони сме вглобени ти и јас.

И тоа е сè во ред, ама што се случи со светата тријада: љубов кон ближниот, понизност и проштевање? Крупно прашање, оти ако немате поддршка од оној што го љубите, кај одат работите? Одат во договори и платформи како што се оние сега со Грците, Бугарите и Албанците, а на кои им е кума, пред сè, западната евроамериканска колонијалистичка цивилизација. Таа тријада се распадна поради жестокиот ужасен притисок од страна на Евроамерика, ама, рака на срце, и поради наслабнатиот нагон за постоење и одбрана на Македонците. Љубовта што ги синтетизира двата преостанати елемента изостана. Оти и таа има длабока генеза кај Македонците, не само од времето на космополитскиот проект на Александар туку и пред тоа ако се потсетиме дека тие во Троја се бореле на страна на Тројанците, бранејќи ја љубовта од суетните Грци што напаѓале на неа, љубоморни дека Елена на Менелај побегнала со Парис од Микена по патеката на срцето. И не е чудно дека уште од тогаш кај осветољубивите Грци залегнала омразата кон Македонците, па не само во 1948 г. со фашистичките евроамерикански бомбардери, туку и сега со Преспа 2018 г. им се светат садистички ним.
Така. Но од тријадата љубов (агапе), понизност и проштевање уцврстена во нивното колективно битие со Павле и христијанството, што го примија први во Европа, најмногу настрада и единствено елементот понизност, и тоа до негово целосно первертирање од понизност во понижение. Или поарно самопонижение, особено во новото време на таканаречената фалшива докрај ЕУ-интеграција во која богатите и моќните треба да ја засилат својата моќ и да се дозбогатат, а сиромашните да доослабнат и да доосиромашат. Примерот со Западен Балкан и во него посебно со Македонија и Македонците јасно го потврдува тоа. И, прашуваш, во што се первертира тој хрисолик кристал понизноста, во какво понижение, драг читателу. Па, гледаш, во еден типичен до најтипичност во Европа, а можеби и во светот таканаречен стокхолмски синдром. Синдром кај Македонците, парадоксално, до очај доведен до еден par exellence дури и хедонистички тип мазохизам. Типичен македонски специјалитет на понижение на кое не му се гледа крајот. Оти понизноста, како што ја сфаќал и применувал во практика Исус со апостолите, драг читателу, е размена на искреноста и невиноста меѓу две личности, или два колектива што ги претставуваат тие, а не само давање на едниот, а лакомо земање на другиот, каква што е сегашната ситуација во Македонија и на Македонците наспроти Софија, Атина, а и на Тирана, која платформски со ЦИА дејствува во разорување на здравото македонско ткиво, колку што останало, со нашите внатрешни Албанци, кои, каков парадокс, сега дури ни ги досуредуваат како надворешни министри и односите со нашите до бескрај канибалистички соседи. Да полудиш, ама на Македонецот не му е дозволено дури ни тоа, оти е тоа, како што би рекол чичко Сигмунд Фројд, психолошко празнење, кое е опасно оти отрезнува и води до бунт.

А мазохистичката перверзија на Македонците со первертирање на понизноста во понижение, драг читателу, достигнува врв, рековме, во таканаречениот стокхолмски синдром на обожување на џелатот од страна на жртвата во нивниот крајно понижувачки поданички однос кон Вавилонската блудница Европа. Таа која буквално нè закла идентитетски во Преспа, а ние, бедници за никаде, пак и пак сè уште се туткаме во нејзината прегратка како беспомошно бебе што бара да го дои таа. Ама, да го парафразирам мојот омилен поет Пол Целан, пиеме црно млеко од нејзините вавилонски цицки од кои штедро се дои и Мефистофел. Веќе знаеш кој е тој, драг читателу. Да не ти повторувам. И, сè тоа се вика цивилизација, демократија, хуманизам, просветителство. И како шлаг на тортата на таа цивилизација е идентитетскиот колеж на Македонците во Преспа, демократската и хуманистичка касапница на цивилизацијата од Запад што ја обнови кај нас во раскошна темна сатанистичка светлина царската гозба на Ирод во Ерусалим со пресечената глава на Јован Крстител фрлена во сребрената чинија на Саломе за нејзиниот делириумски танц, и римскиот гладијаторски колосеум на Калигула и Нерон. Па сега во тој контекст ѝ даваме на фрау Меркел, која од Европа е најмногу заслужна за ликвидација на македонската идентитеска глава во Преспа, нека избира дали е инкарнација на Ирод, Калигула, Нерон или на Адолф што е многу поетичен и почесен од овие тројцата. А секако од македонска гледна точка и искуство од неа.
Не навлегуваме понатаму во феноменот на (само)понижението на Македонците, посебно и кон нашите рамковни денес на кои никој жив тука не може да им застане на патот, драг читателу. Оти ова (само)понижение доведе и до македонскиот психолошки специјалитет, најпознат во Европа, а можеби и во светот, што се означува во психоанализата со поимот самодеструкција. А тоа најубаво, како ништо друго, го демонстрираат двете главни македонски политички партии СДСС (северни, без М што не го заслужуваат) и ДПМНЕ (без ВМРО што исто така не го заслужуваат) со нивниот неверојатен канибализам без каков било меѓусебен консензус за националното прашање, како што е тоа случај кај којзнае колку процентуалното (оти со години го избегнуваат пописот) албанско малцинство атомизирано околу Али и компанија во Речица.

Толку за христоликиот психолошки елемент на колективната душа на Македонецот понизност во изворното значење на искреност, скромност до гол наивизам и некритичка почит кон секого. Безрезервно. Првоапостолска понизност со божествена, агапе љубов. Сега, пак, сме кај институцијата проштевање, која речиси и воопшто не ѝ е позната денес на западната евроамериканска цивилизација. Македонците на тој план би можеле нејзе да ѝ го обелат образот, ама тие со години ги буткаат од неа и заради нивната христоликост, како што ги буткаат со години дури и најмоќните во словенскиот род Руси (па што да се чудиме со нас). Знам дека тука Достоевски, како и јас и ти драг читателу, заедно во примерот на Македонија ја доживуваше како рана судбината на својата понижена од Запад татковина. Така. Оти Македонците први од Исус и Павле ја спознаа есенцијалната длабинска суштина на институцијата проштевање како онтолошка вредност, која во некоја смисла, ако размислиме подлабоко, има и една метафизичка основа. Имено, Христос со неа го укинува индуистичкиот кармизам за кого Индусите, како што е познато, немале решение, а веројатно, тие што ѝ се приврзаници на оваа теорија, него го немаат ни денес. Имено, во филозофијата на кармизмот, поставена на темелот на бескрајната реинкарнација, душата го отплатува гревот од претходниот живот сè до крајната отплата што е невозможна, бидејќи тој постојано се умножува. А тоа значи дека човекот не извлекува поука од божественото. Дури ни прекрасните Индуси, кои јас ги обожавам, драг читателу, тие што ни ги доведе во Шутка со свадбарските свирки Александар Македонски. Нека се смее кој што сака и како сака, плиток во спознанието, но тоа е вистината. И таа не е ни политиколошка, ни социолошка како што претендираат некои универзитетски велеучени интелектуалци. Не. Со институцијата на Христос Проштевање, еден од најголемите негови пронајдоци, како што е тоа струјата кај Тесла, се укинува вечното страдање, кое толку многу, за жал, го милуваат христијанските теолози со нивните „тешки теолошки коњи“ (Дени де Ружмон). Не. Христос, драги теолози вјавнати врз „тешките коњи на теологијата“ не препорачува страдање туку екстаза на животот, оти кога му забележаа фарисеите дека Тој и неговите апостоли не го почитуваат законот на постот, тој им одговори дека Тој е Младоженецот што е уште кратко време на земјата и треба да го прослави на најубав начин својот живот пред Голгота. Нели? Институцијата проштевање е речиси генетски вградена во македонското битие, затоа што космополитско од антиката со отворена душа кон светот, потоа со првиот допир со апостол Павле е и христолико. Можеби, барем на европска почва, никој повеќе не страдал и истовремено не проштевал како Македонците. Во историската фуга кај нив од контрапунктот Голгота паралелно извирале една покрај друга и е една во друга линиите на страдањето и проштевањето на тој што им нанесувал болка. А сè и со потајна мисла дека крвникот ќе го одложи мечот и ќе полета во нивната отворена прегратка откако му простиле за злосторството. Ама тоа, драг читателу, до денес никогаш низ долгите мартирски столетија не се случило. Но Македонецот, наивен, и понатаму мисли дека еден ден таа епифанија е возможна и ќе се случи. Неговата христолика душа просто е навигирана, насукана на карпестиот брег на таквата de profundis надеж.

Оти плус е и мал, распарчен и составен речиси само од рани. Рековме, драг читателу, по повод Беласица од 1014 г., и битие од очи. Тоа и така. Ама слаб, речиси целосно глув и слеп на историското искуство, наивец докрај, тој и понатаму не излегува надвор, како да е хипнотизиран, од црквата со име Проштевање. Безбројни се историските примери за тоа, но ние ќе го наведеме најновиот и можеби дури и најекспресивен на тој план: случајот со нашите рамковни Албанци и нивниот тероризам врз Македонците во 2004 г. Неговиот мотив, како што призна на крајот и идеологот на Голема Албанија (Илирида), сега покоен, македонофоб Арбен Џафери не беше борба за човекови права, како што го пласираа тоа така и Вашингтон и Брисел, туку борба за територии. Но не само перфидно морално од ЕУ политичкиот и на Пентагон бордел беа поддржани, туку имаа и логистичка и воена поддршка терористите од нив. И тие тоа и не го криеја. И се случија грозоморни варварства од страна на албанските терористи врз Македонците: случајот „Мавровски работници во кој тие со кама, а не со перо вежбаа (за да излезат од варварство во цивилизација?) писменост врз живата македонска кожа, користејќи ја како египетски пергамент за нивното крваво варварско послание. На живата кожа на Македонците на кои Брисел и Вашингтон им забранија и да се бранат од тоа варварство во 2001 г., прокламирајќи го најапсурдното досега во историјата правило на таканаречената „пропорционална употреба на сила“, а се разбира само и само со една единствена цел да се заштитат нивните балкански, особено на Вашингтон, миленици. Итн. И тоа Албанците им го направија на Македонците, кои за време на бомбардирањето на НАТО на Србија и Косово згрижија околу 400.000 косовски бегалци.

И со што возвратија за тоа тие потоа. Не со благодарност, туку со тероризам, потоа востоличувајќи се од „бојното“ поле, пак со амин на Брисел и Вашингтон, и во Владата и парламентот на македонското Собрание. Тоа е вистината, драг читателу! И Македонците пак простија. Ги ставија во фиока заклучени четирите таканаречени хашки случаи на албанското терористичко злосторство на Али (кој сега и управува со Македонија) проштевајќи, во име на добрата волја и таканареченото меѓуетничко разбирање, иако е поправилно меѓучовечко како што го сфаќаат него Македонците, лишени од трибалистичка свест. Така, до таа мера понизно, а всушност понижувачки, и не мислејќи дека со тоа се навредени жртвите на кои со кама им се пишувало по голата кожа врз грбот (дали потоа се описмениле тие варвари?) и оние ѕверски масакрирани бранители на македонскиот суверенитет во Вејце. Како да не им било доволно што се убиени ги доискасапиле за да проверат дали навистина се доволно мртви. Итн. А албанскиот тероризам, има реални и повеќе од реални факти за тоа, кај нас од бојното поле влезе во политиката и не излегува од неа. Но тоа е долга тема.

(продолжува)