Во Баварија стапија на сила заострените мерки во борбата против коронавирусот.
Во сојузната покраина Баварија напуштањето на домот е дозволено само од оправдана причина, вклучително и купување намирници или лекови, одење на лекар или на работа, посета на роднини, но и одење на миса.
Во некои области воведена е и забрана за движење од 21 до 5 часот наутро.
Владата на Германија соопшти дека ќе им обезбеди бесплатни заштитни маски на граѓаните постари од 60 години.
Маските ќе се подигнуваат во аптеките со посебни ваучери.