Цело време бевме убедувани дека мора да се бориме против Бугарија, кажа поранешниот премиер и претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, зборувајќи за неговите војнички денови, при вчерашното гостување во бугарската агенција „БГНЕС“.
– Бев војник во Штип. Цело време бевме убедувани дека мораме да се бориме против Бугарија. Не ни рекоа да се пазиме од Грците, Албанците, Американците или од Русите. Само од Бугарија. Ни беше кажано како да се однесуваме, предупредувајќи нè дека има бугарски агенти, како дел од оваа пропаганда што беше достапна дури и во училиштата – вели Георгиевски.
Тој се осврна и на неодамнешните изјави на премиерот Зоран Заев за Бугарија.
– Поголемиот дел од македонското општество е шокиран бидејќи се наоѓаме во еден вид воена состојба, во која група политичари, вклучително и јас, Зоран Заев кој зборуваше за заедничката историја, Стево Пендаровски, Владо Бучковски и поранешниот министер за надворешни работи Денко Малевски, сме дел од политичарите кои се попрогресивни, и инсистираат историчарите да разговараат и да истражуваат. Историчарите, сепак, цврсто се фатиле во корупките на поранешните југословенски шеми и не излегуваат од нив – смета Георгиевски.